Финалето од Купот на Македонија ќе се игра во Скопје
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи финалниот натпревар од македонскиот куп да се игра на Националната арена „Тодор Проески“.
Вардар и Струга ќе се борат за пехарот, мечот се игра на 21 мај од 20 часот.
Вардар е во финалето првпат по пауза од 18 години, додека Струга играше во мечот за пехарот пред две години и загуби од Македонија ЃП на пенали.
Националната арена „Тодор Проески“ е домот на Вардар, па скопскиот клуб ќе биде како домаќин на овој меч.