Свет

Филипини погодени од супертајфунот Рагаса

Северниот дел на Филипини денеска е погоден од најсилната бура, супертајфунот Рагаса оваа година. Поради разорните ветрови и обилните дождови илјадници луѓе се евакуирани. Поради бурата во Хонг Конг, Тајван и континентална Кина прогласено е високо ниво на приправност.

Супертајфунот Рагаса, познат и како Нандо на Филипини, денеска пристигна до островот Пануитан, во северната покраина Кагајан. Според Филипинската метеоролошка агенција, бурата достигнала јачина еквивалентна на ураган од петта категорија, со брзина на ветрот над 267 километри на час.

Поради супертајфунот од северните филипински острови Бабујан евакуирани се повеќе од 10.000 луѓе.

Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот ги суспендираше владините активности и наставата во главниот град Манила и во 29 провинции. Тајфунот, исто така, го прекина снабдувањето со електрична енергија на островот Калајан и целата северна провинција Апајао.

Бурата се движи кон Хонг Конг и Макао во кинеската провинција Гуангдонг. Според метеоролозите брзината на ветерот може да достигне до 315 километри на час.

Во Кина, властите се подготвуваат да преселат 400.000 луѓе од низинските области на Шенжен. Тајванските власти издадоа предупредувања за копно и море и суспендираа некои фериботски линии. Се очекува Рагаса да помине јужно од Хонг Конг рано наутро в среда како бура еквивалентна на ураган од трета категорија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons