ФЗОМ со важно предупредување: Вака крадат пари, не наседнувајте на оваа измама
Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Апелираат дека тоа не е официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.
Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да ги внесат своите:
- Лични податоци (име, презиме, матичен број, адреса);
- Податоци за здравствено осигурување;
- Податоци за банкарски сметки и кредитни картички;
- Кориснички имиња и лозинки.
ФЗОМ апелира: Проверете ја внимателно веб-адресата пред да внесете какви било лични податоци, не кликајте линкови со сомнителна пошта, не споделувајте ги вашите кориснички имиња и лозинки со никого, пријавете ги сите сомнителни активности на ФЗОМ или во најблиската полициска станица.
- Официјалната веб-страница на ФЗОМ: fzo.org.mk
- Телефонскиот број на ФЗОМ:
- 02 3289 000
- Е-пошта: info@fzo.org.mk