Ферстапен издоминира за победа на легендарната Имола, Норис и Пјастри зад него
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен извозе одлично на трката за Големата награда на Емилија Ромања и дојде до победа на култната Имола.
Loading...
Возачот на Ред Бул, кој трката ја започна од втората позиција, уште во првиот круг го претекна Оскар Пјастри и од тој момент не дозволи никакви изненадувања, контролирајќи го темпото до самиот крај.
Второто место го освои Ландо Норис во болидот на Мекларен, додека неговиот клупски колега Оскар Пјастри заврши на третата позиција, заокружувајќи го подиумот за британскиот тим.
Во првите десет се најдоа уште: Луис Хамилтон, Алекс Албон, Шарл Леклер, Џорџ Расел, Карлос Сајнц, Изак Хаџар иЈуки Цунода, кои исто така освоија поени во генералниот пласман.
Loading...