Фенербахче застана во одбрана на Мурињо
Португалецот е обвинет за расизам откако однесувањето на противничките играчи го спореди со однесувањето на мајмуните.
Управата на турскиот фудбалски клуб Фенербахче го брани својот тренер кој се најде под критики од големиот ривал Галатасарај.
Португалецот е обвинет за расизам откако однесувањето на противничките играчи го спореди со однесувањето на мајмуните.
Фенербахче преку соопштение на социјалните мрежи рече дека зборовите на тренерот Жозе Мурињо се извадени од контекст и намерно искривени. Клубот тврди дека ниту еден разумен човек не можел да ги сфати овие зборови како израз на расизам, бидејќи тие, како што се вели, ја опишуваат претераната реакција на стручниот штаб на противничката екипа на одлуките на судијата за време на натпреварот.
-Обидот да се прикаже оваа изјава како расистичка е целосно злонамерен пристап. Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе ги оствариме нашите законски права во врска со оваа патетична клевета, создадена со цел да се манипулира надвор од теренот и да се создава тензија, забележуваат од клубот.
По натпреварот од 25. коло во турскиот шампионат меѓу Фенербахче и Галатасарај кој заврши со резултат 0:0, Мурињо изјави дека во еден момент луѓето од клупата на противникот почнале да скокаат „како мајмуни“.
Галатасарај го обвини Мурињо за расизам и најави подготвеност да поднесе пријави до УЕФА и ФИФА. (МИА)