Магазин

Фармер од Белгија одгледал тиква тешка повеќе од еден тон и победил на локален натпревар 

Фармер од Белгија одгледал тиква тешка повеќе од еден тон и победил на локален натпревар.

Херман Бонен од белгискиот град Кастерле е победник на овогодинашното национално првенство во мерење тикви откако одгледал џиновски примерок тежок повеќе од еден тон, пренесуваат странските медиуми.

Бонен, чија тиква тежи 1.015 килограми, рекол дека оваа година конкуренцијата не била толку силна како претходните години.

„Сите имаа помала тежина отколку што очекуваа, вклучувајќи ме и мене. Но, со многу време и добра грижа, резултатот сепак доаѓа“, рекол Бонен.

Тој исто така изјавил дека е убаво да се биде шампион на Белгија, „но уште поубаво е да се знае дека сте одгледале тиква тешка повеќе од 1.000 килограми“.

Огромната тиква нема да се сече веднаш, прво ќе биде изложена на пазарот на тикви за две недели, а потоа ќе учествува на традиционалната локална таканаречена „регата на тикви“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons