Фабио Канаваро нов тренер на Адеми и Ристовски?
Фудбалерие на Динамо Загреб немаат најдобри резултати во последниот период, па во медиумите се пишува за смена на тренерот Ненад Бјелица.
Според последните информации кои ги пренесува италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо наследник фаворит за нов тренер на Стефан Ристовски и Аријан Адеми е Италијанецот Фабио Канаваро.
На Бјелица не му оди најдобро бидејќи тимот заостанува седум бода за водечките Ријека и Хајдук кои имаат по 36 бода.
Искусниот Канаваро кој како фудбалер со Италија го освои и Мундијалот во 2006 година, а во кариерата како тренер ги предводеше Гвангжу, Ал Наср, Тијанџин, Беневенто и Удинезе, исто така беше селектор и на репрезентацијата на Кина.