У21: Македонија во група со Италија во квалификациите за ЕП 2027
Македонската младинска фудбалска репрезентација до 21 година ги дозна ривалите во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година кое ќе се одржи во Србија и Албанија.
Нашите фудбалски надежи ќе играат во квалификациската група Е заедно со селекциите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.
Деветте победници на групите и една најдобро второпласирана репрезентација (не сметајќи ги резултатите против шестопласираните селекции) директно ќе се квалификуваат на завршниот турнир за да им се придружат на Албанија и Србија.
Осумте други второпласирани ќе се натпреваруваат во плеј-офот за да ги одредат четирите преостанати патници на ЕП.
Првите мечеви од квалификациите ќе се играат во периодот од 17 до 25 март 2025 година.
Квалификации за ЕП 2027:
Група А: Шпанија, Романија, Финска, Косово, Кипар, Сан Марино
Група Б: Португалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар
Група Ц: Франција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија
Група Д: Англија, Република Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора
Група Е: Италија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија
Група Ф: Германија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Летонија, Малта
Група Г: Холандија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговина
Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија
Група И: Данска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија