МакедонијаНајново

УЈП ја објави најновата листа на должници – 1.958 правни и 3.914 физички лица должат 11,3 милијарди денари 

Управата за јавни приходи (УЈП) веќе десет години секој месец ја објавува Листата на должници. На најновата листа се најдоа 1.958 правни и 3.914 физички лица, кои должат 11,3 милијарди денари за данок и придонеси.

„Листата на должници не треба да биде само збирка на имиња и бројки, туку претставува презентација на даночната дисциплина и општествената одговорност на фирмите и поединците во земјата. Секој кој е присутен на таа листа го привлекува вниманието, а вниманието е насочено и кон одговорноста на УЈП да ги наплати праведно и ефикасно овие долгови. Дали Листата на должници, како неопходен инструмент за транспарентност, целосно и објективно ја разоткрива капацитетноста за враќање на овие средства како даночни приходи во Буџетот“, велат од УЈП. 

Целото соопштение од УЈП на следниотЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons