Актуелно

УЈП спроведе 383 контроли за фискализација

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.

Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од вкупно 383 контролирани субјекти, кај 27%  односно кај 106 од контролираните субјекти  биле  констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.

За утврдените неправилности донесени се 106 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За пет субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons