УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ- 04 пријавите е до утре
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот истекува на 25 декември годинава.
До вчера, според УЈП, од вкупно 7.397 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се само 1 831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број. Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ – 04 пријави е забележан во Регионалната дирекција на Тетово, додека најмалиот процент се забележува во дирекцијата на Битола.
-Не го одложувајте процесот. Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави навреме и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот – апелираат од УЈП.