МакедонијаНајново

Уште 36 воени специјалци заминаа во спасувачка операција во Турција 

Дополнителниот армискиот состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден” во Скопје замина во Турција каде ќе учествува во хуманитарната операција во областите кои се најмногу погодени од катастрофалните земјотреси.

Како што информираат од Министерството за одбрана, војниците ги испрати началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој им порача на војниците најпрофесионално да го вложат севкупниот свој потенцијал и обученост и да им помогнат на граѓаните на Турција.

Во меѓувреме армискиот тим, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во рушевините настанати од катастрофалните земјотреси.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons