Уште една баба падна измамата со лажна сообраќајка: Ја олесниле за 36.000 евра

Уште една повозрасна жена падна на познатата измама со лажна сообраќајна несреќа. Како што соопшти МВР, 71-годишна скопјанка платила 36.300 евра за нејзината да оди на итна операција после наводна сообраќајна несреќа.
„Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и е тешко повредена и дека треба да плати за да се направи итна операција. Како што е пријавено, таа повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар и кое и посочило каде да ги остави парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, велат од МВР.