УФЦ ја закажа новата борба на Волкановски
Претседателот и сопственик на УФЦ, Дена Вајт ја објави следната борба на борецот со македонско потекло, Александар Волкановски кој ќе го брани шампионскиот појас.
Борбата на Волкановски ќе биде главна на настанот УФЦ 325 која ќе се одржи на 31 јануари во Сиднеј.
Александа Волкановски повторно ќе се бори против Диего Лопез кој го победи во април оваа година и ја освои титулата.



