Македонија

Утре протест пред Влада: Да се сопре убивањето и мачењето на кучиња 

По низата немили настани и случаи на насилство врз улични кучиња, меѓу кои и убиените кучиња во Струга, група активисти преку Фејсбук повикува на протест. Протестот кој ќе се одржи утре, 13 јануари, пред Влада.

Протест е со цел за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња, велат организаторите. 

-Преку глава ни е наши сограѓани да бидат напаѓани затоа што хомосапиенс потфрлил во својата мисија и дозволил неконтролирано размножување. И преку глава ни е да гледаме кучиња на улица кои не треба да бидат таму во ранлива позиција каде секој може да ги малтретира. И преку глава ни е од овие непредвидливи крволочни ѕверови кои и покрај свест и разум се однесуваат како во дивина. Градоначалници! Го пробавте вашиот начин, ги труете, ги пукате, ги малтретирате Функционира ли?

АХВ! Го пробавте вашиот начин! Вртите глава и дозволувате неконтролирано парење и масовно напуштање на миленици! – се вели во повикот за протест. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons