Утре во Скопје доаѓа Фон Дер Лајен
Мини турнеја од утре почнува челничката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен.
Таа , почнувајќи од нашата земја од утре ќе биде во посета на неколку земји од Западен Балкан, а сите се прашуваат каква порака и помош ќе донесе нејзиното доаѓање.
Дали претседателката на ЕК ќе донесе директна помош за справување со енергетската криза не е откриено.
Македонија ја покрена иницијативата за помош која очигледно е најпогодена од енергетската криза, а утре ќе се дознае како ЕК ќе му помогне на регионот и на Македонија, Косово, Албанија, Босна, Србија и Црна Гора.
Македонија лично со писмо до ЕК побара финансиска помош во справување со последиците од енергетскта криза, а меѓу барањата за помош од од официјален Брисел, е и набавка на струја од Бугарија преку компензација на пазарната цена.