Македонија

Успешно изведена вежбата „Блесок 22“ на Криволак пред набљудувачи од НАТО 

Денеска успешно беше изведена вежбата „Блесок 22“ на Армијата на Република Македонија, што се одржа на армискиот полигон „Криволак“, на која  присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На вежбата беше прикажана подготвеноста во исполнување на единствените стандарди согласно целите на способност на НАТО на нашата армија.

Како што порача министерката Славјанка Петровска на денешниот Ден за високи гости на армискиот полигон: „Професионалноста и посветеноста на Армија денеска доби уште еден печат – нашиот Лесен пешадиски баталјон е оценет како „борбено способен за извршување на својата мисија” според најстрогите НАТО стандарди под мониторинг на искусни набљудувачи од НАТО – Алијансата”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons