Спорт

Успешен ден за Ѓорческа и Ивановски, победи за македонските тенисери 

Најдобрите македонски тенисери во моментов, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски денеска ги совладаа своите противници на мечевите каде што настапија.

Ѓорческа во првото коло на турнирот во Куршумлијска бања ја совлада Русинката Забраилова со 2-0 во сетови, беше 6-4 и 6-4.

Лина која е втора носителка на турнирот, во следното коло ќе игра против Србинката Обрадовиќ.

На овој турнир настапи и Стоилковска откако претходно мина два квалификациски меча. За жал на главниот турнир таа денеска беше поразена од грчката тенисерка Матула со 2-0 во сетови, 6-4 и 6-2.

Калин Ивановски настапува на турнир во Бол, Хрватска и имаше перфектен старт. Го совлада италијанскиот тенисер Гуериери со само два загубени гејма. Беше 6-0 и 6-2 за Македонецот.

Во следното коло Ивановски ќе игра со победникот од мечот меѓу Германецот Мајер и Португалецот Переира кој е осми носител.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons