Урсула фон дер Лаен: Одам во Вашингтон со Зеленски
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен објави дека утре ќе патува во Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Фон дер Лаен изјави дека самиот Зеленски ја замолил да му се придружи на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп.
Таа додаде дека неколку европски лидери ќе му се придружат во Вашингтон, но не прецизираше кои се тие.
Политико претходно објави дека еден од нив ќе биде финскиот претседател Александар Стаб, а можеби и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Зеленски ќе се сретне со фон дер Лаен во Брисел во текот на денот, а потоа заедно ќе заминат за САД.