Свет

УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ОСЛОБОДАТ 20 ПАТИ КОЛКУ ДОСЕГА ВРАТЕНОТО 6.000 км квадратни се едно поле од 77 на 77 километри

Се смета дека Русите вкупно држат околу една петтина од територијата на Украина. Тоа значи дека Украинците треба да освојат 20 пати колку она што тоа го освоија во изминативе две недели. Шесте илјади квадратни километри кои Украина си ги врати, за споредба, се територија од околу 77 на 77 километри.

Украинците ќе треба да освојат 20 пати од тоа што го освоија во изминатите недели за да си ја вратат територијата окупирана од Русите кои држат околу 120.000 километри квадратни, односно петтина од земјата, според проценките на Би-Би-Си. Вака стојат бројките, ако се земе тврдењето на украинскиот претседател Зеленски дека согласно денеска ослободени се 6.000 километри квадратни во офанзивата која некои ја нарекоа „снежна топка“. Успешната офанзива е и причината што Зеленски во видеообраќање денеска го повика Западот да ја забрза испораката на оружје во текот на борбите, јавува Ројтерс.

Вашингтон минатата недела најави најнова програма за оружје за Украина, вклучително и муниција за противракетните системи ХИМАРС, а претходно ѝ испрати на Украина ракетни системи земја-воздух НАСАМС, кои се способни да соборуваат авиони.

Вкупната територијата на Украина изнесува околу 603.700 квaдратни километри, што значи она што го вратија Украинците е колку една стотинка од целата земја. Но, офанзивата изненадува со својата брзина. Бројката од 3.000 квадратни километри која вчера ја објавија украинските власти денеска се дуплираше, барем во официјалните извештаи.

За споредба, 6.000 квадратни километри се простор од околу 77 на 77 километри.

Во меѓувреме, Украинците маршираат блиску до руската граница. Ослободен е градот Вовчанск каде се скинати, а поставени се руски знамиња.

https://twitter.com/ukrainiansquad/status/1569351627521380356?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1569351627521380356%7Ctwgr%5E5dc198aef3fcf489f81fb4c910041c4ffa82af9e%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fukraincite-e-treba-da-oslobodat-20-pati-kolku-dosega-vratenoto-6-000-km-kvadratni-se-edno-pole-od-77-na-77-kilometri%2F

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons