Украинскиот министер за внатрешни работи загина во хеликоптерска несреќа (ВИДЕО)
Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.
– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби.
Како последица на несреќата загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца.
Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.
Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.
Сите специјализирани единици работат на лице место.