Украинска пратеничка: Украина е со Косово
Украинската претставничка Ина Совсун изјави дека Украина стои со Косово, додавајќи дека „суверенитетот не смее да се нарушува“.
Во објава на Твитер, Совсун ѝ порача на претседателката Вјоса Османи да не подлегнува пред „империјалните уцени“.
„Во овие тензични моменти, кога Србија уште еднаш го ескалира конфликтот со Косово, јасно ја изразувам мојата поддршка за Косовците. Мимоза Кусари, Вјоса Османи, Украина стои покрај Косово. Вашиот суверенитет не смее да биде нарушен. Не им подлегнувајте на империјалните уцени“, рече Совсун.