МакедонијаХроника

УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА: Jа претепал бремената сопруга која од повредите го загубила бебето! 

Основното јавно обвинителство Скопје почна постапка против скопјанец кој во автомобил, пред двегодишното дете ја претепал бремената сопруга.

– На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот. Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште информираат од Основното јавно обвинителство.

Жената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.

Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons