УЖАС ВО СРБИЈА: Пронајдени две тела – сопругата го забетонирала сопругот и лажела дека е на работа во Русија?!
Полицијата се уште е во куќата каде вчера беа пронајдени телата на Билјана и Иван С. од Велики Трњан кај Лесковац.
Полициски службеници се уште се на лице место и вршат увид.
Најпрво е пронајдено телото на Билјана, а набргу потоа и телото на Иван кое било ставено во бетон. Се сомнева дека Билјана го убила Иван пред три години, со својот љубовник.
Инаку, претходните години на соседите им кажувала дека сопругот е во Русија и дека таму работи.
Засега не се познати околностите на овој случај.
Инаку, соседите на улицата каде живее Билјана се уште се во шок поради се што се случи.