УЕФА ќе менува правила за наредната сезона од Лигата на шампионите
Германскиот спортски весник „Билд“ пишува дека УЕФА планира да воведе неколку правила од наредната сезона во најелтиното фудбалско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.
Првото ново правило ќе се однесува на предноста на домашен терен во реваншите од нокаут фазата. Тоа би значело дека кога две екипи ќе се сретнат во нокаут фазата, предност на домашен терен ќе има онаа која била подобро пласирана во регуларниот тек од сезоната.
Второто правило е дека УЕФА сака да ги исфрли продолженијата. Во случај по двата меча во нокаут фазата да не биде познат победникот, ќе се оди на директно изведување на пенали, нема да се игра двапати по 15 минути.
Третото ново правило, всушност е правило кое постоеше во претходниот систем, а тоа е дека екипи од иста држава нема да можат да се сретнат пред четвртфиналето. Оваа сезона пример Реал и Атлетико Мадрид играа меѓусебе во осминафиналето.