Спорт

УЕФА размислува да воведе уште една голема промена во Лигата на шампионите 

Според последните најави наскоро би можеле да видиме нова промена во Лигата на шампионите.

Европската куќа на фудбалот од оваа сезона воведе лигашки систем во првиот дел од натпреварувањето, а сега елитното натпреварување би можело да претрпи уште една промена.

Имено, според последните најави УЕФА може да го укине правилото за продолженија и при нерешен резултат веднаш да се играат продолженија. Причината е едноставна, да се намали заморот и да се избегнат повеќе повреди на фудбалерите.

„УЕФА размислува за укинување на правилата и место продолженија да се изведуваат директно пенали. Размислувањата се сериозни, но веројатно тоа нема да се случи сега поради актуелниот договор за ТВ правата кој го има УЕФА и кој истекува во 2027 година“, пишува „Гардијан“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons