УЕФА го казни Реал Мадрид поради навредите кон Гвардиола
Реваншот од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите во шпанската престолнина помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити заврши по желбите на кралскиот клуб кој многу убедливо се пласираше во следната фаза.
На овој меч се случуваа разни неспортски работи, а особено тензично беше на трибините. Цел на нападот беше тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Тоа беа многу невкусни, дискриминаторски, па и донекаде хомофобични извици, кои секако не им припаѓаат на трибините на најголемите стадиони.
– Дисциплинското тело на УЕФА ќе го казни Реал Мадрид со 30.000 евра и делумно ќе ги затвори трибините (најмалку 500 седишта) за следниот натпревар на кој Реал Мадрид ќе биде домаќин. Казната е изречена поради дискриминаторско однесување на навивачите – се вели во соопштението.
Реал ќе го плати само првиот дел од казната – затворањето на трибините е условна казна, која ќе стапи во сила во случај на нов инцидент.