Актуелно

Уапсен уште еден подметнувач на пожар 

МВР објави дека е приведено лице во прилепско поради предизвикување пожар. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај местото викано „Корија“ во атар на Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.„На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик“, објави МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons