Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети и новиот газда на „Соравија“
Уапсен внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.
Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде до овој момент немаме никакви информации. Прашања упативме и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.
Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.