Уапсен е директорот на Геријатриската болница поради поткуп од 20 илјади евра
Уапсен е директор на здравствена установа, пренесува Курир. Според неофицијалните информации на порталот станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.
Од она што е познато тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра. Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.