Свет

Уапсени 15 високи функционери на БиХ, осомничени се за корупција при изградба на автопат

Полицијата во Босна и Херцеговина уапси вчера петнаесет лица поврзани со висока корупција околу изградбата на автопатот на коридорот 5ц низ БиХ, соопштија службени извори, додека медиумите наведуваат дека се уапсени поранешни директори и членови на управата на јавното претпријатие кое е оштетено за најмалку 19,5 милиони евра.

Според соопштението на Федералната управна полиција, нивни службеници по налог на мостарското обвинителство ја спровеле акцијата наречена „Коридор“, во која се уапсени 15 лица низ БиХ. Тие се осомничени за организиран криминал, злоупотреба на позицијата, склучување штетни договори и перење пари.

Порталот Рапорт наведува дека меѓу уапсените се поранешни директори на Автопати ФБиХ, како и членови на управата на јавното претпријатие.

Истрагата се однесува на криминал во изградбата на автопатот на коридорот 5ц, во централниот дел на Босна и Херцеговина. Според полицискиот извештај, Автопати ФБиХ е оштетено за најмалку 19,5 милиони евра, додека во пријавата од 2022 година според која се води истрагата вкупната штета се проценува на повеќе од 50 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons