Уапсени двајца високи советници на Нетанјаху, и самиот израелски премиер бил на службен разговор
Израелската полиција приведе двајца високи советници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради наводни недозволени врски со властите на Катар, пренесува „Дојче веле“.
Уапсени се двајца од најблиските советници на Нетанјаху, Џонатан Урих и Ели Фелдштајн, пишуваат израелските медиуми.
Набргу по апсењата, самиот Нетанјаху бил повикан од полицијата во неговата канцеларија во Ерусалим. Тој претходно истиот ден го напуштил своето тековно судење за корупција во Тел Авив за да се усогласи со поканата издадена од државниот обвинител Гали Бахарав-Мијара.
Катар е еден од посредниците во индиректните преговори со палестинската вооружена група Хамас, но се смета и за нејзин поддржувач. Нема информации за повеќе детали за тоа што се случило. Во сила е забраната за објавување информации по судска наредба, соопшти полицијата. Израелските медиуми јавуваат дека во случајот ќе сведочи и Нетанјаху.
Истрагата за случајот се спроведува заедно со внатрешната разузнавачка служба Шин Бет.