Турција: По земјотресот од 6,1 степен повеќе од 100 накнадни потреси, повредени се 18 луѓе
Во Турција, по земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала што го погоди регионот Баликесир синоќа, се случиле повеќе од 100 последователни потреси, од кои најсилниот бил 4,4 степени.
Во земјотресот се повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 за структурни оштетувања.
Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денес не работат, а објавено е дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавните институции и организации се ставени на административен одмор, објавува Хаберлер.
Најавено е дека образовните институции ќе ја прекинат работата еден ден во областите Акхисар, Сома, Демирџи, Кирикагач и Гердес.
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди округот Синдирги во Баликесир вчера во 22:48 часот. Тресењето на тлото било почувствувано и во Истанбул и Измир како и околните провинции. Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала се случи во истиот регион на 10 август.



