МакедонијаНајново

Турската компанија „Џагатај Кабло“ ќе гради нова фабрика во Скопје, најавени 200 нови вработувања

Турската компанија „Џагатај Кабло“, која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања, соопштија од ТИРЗ.

Новата фабрика, која ќе биде двојно поголема од постоечката, како што се наведува, освен што ќе отвори нови работни места, ќе донесе и нови технологии.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес во Истанбул ја посети компанијата и имаше средба со претседателот на одборот, Ахмет Шемшетин Короглу. Toj посочи дека оваа инвестиција, која беше најавена во јули минатата година, е доказ за довербата на странските инвеститори во стабилната економска клима и поддршката што ја нуди државата. 

Димовски нагласи дека како институција во соработка со Владата, Дирекцијата за ТИРЗ ќе продолжи и понатаму со активна и транспарентна поддршка на сите странски инвеститори.

„Џагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons