Тунижанец избоде луѓе во Марсеј – полицијата го застрела
Француската полиција елиминирала Тунижанец во Марсеј откако тој денеска со нож избоде пет луѓе.
Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.
„Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од полицијата“, соопштија обвинителот Николас Бесон и локалната полиција.
Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Него го избркале од хотелот бидејќи не плаќал.
фото пиксабеј