Тројца македонски пливачи ќе настапат на Светското првенство за младинци во Романија
Македонија ќе ја претставуваат тројца пливачи на Светското младинско првенство што ќе се одржи од 19 до 24 август во Отопени, Романија.
Никола Ѓуретановиќ, Петар Цеков и Софиа Дамјанова ја имаат исполнето строгата норма и ќе настапат на најголемата светска сцена за младинци.
Ѓуретановиќ ќе плива во дисциплините 400 метри, 800 метри и 1500 метри слободно, потоа Цеков на 800 метри и 1500 метри слободно, и 400 метри мешано, додека Дамјанова ќе се натпреварува на трките на 50 метри и 100 метри делфин.
Нашите репрезентативци ќе бидат под водство на тренерот Горан Стаменов.
Сите тројца репрезентативци доаѓаат од ист клуб, пливачкиот клуб Вардар 2018. Ова е историски успех и јасен доказ за врвната работа и посветеност на клубот, кој единствено ќе ги претставува боите на Македонија на ова Светско Првенство.