Македонија

Тројца загинати, петмина повредени – се преврте комбе кај тунелот Катланово

Тројца загинати и петмина повредени откако кај тунелот кај Катланово се преврте комбе. Тешката сообраќајка се случила во 17 часот и 45 минути.

Од МВР за Алфа потврдуваат дека кај тројца е констатирана смрт, а петмина се префрлени во болница за укажување на лекарска помош. На самото место се упатени и полициски екипи и јавен обвинител.

Допрва ќе се утврдуваат околностите и точните причини за оваа стравична несреќа.

На автопатот се создадоа огромни колони зашто сообраќајот беше блокиран, а возилата се пренасочуваат по стариот пат од Петровец до Велес. На располагање е и опцијата Миладиновци – Свети Николе – Штип – Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons