ТРИ ЛИЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА – и малолентик настрада при судар на товарно возило и машина за сечење дрва
Три лица се повредени во сообраќајка меѓу камион и работна машина за сечење огревно дрво на регионалниот пат Струмица-Валандово во селото Костурино.
Веста ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вчера во 13 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајната несреќа.
– На 12.09.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, во с.Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво” со полуприколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од Богданци и работна машина за сечење дрва, управувана од Ќ.Е.(36) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле вoзачот и сопатникот на работната машина М.Е.(31) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник на работната машина, констатирани во Медицински центар Струмица – објаснуваат од СВР Струмица.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.