Актуелно

Три лица починаа од ковид-19, нови 68 лабораториски потврдени случаи на заразата 

Во последните 24 часа регистрирани се 68 нови случаи на ковид-19 од направени 659 тестирања, од кои 20 се реинфекции. Оздравени се 40 пациенти, а пријавени се три смртни исходи во болнички услови – пациент од Скопје на 83-годишна возраст, додека во регистерот на умрени лица се запишани 71 годишен пациент од Прилеп и 81-годишен пациент од Битола кои починале во текот на минатиот месец. Најмногу нови заразени има во Скопје – 50, потоа во Прилеп – 5, Кавадарци и Штип по 3, Куманово, Битола и Велес по 2 и Кичево – 1 еден случај на ковид-19. 

Направени се 659 тестови: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-10, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-19, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-73, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-11, Биотек-17, Систина-3, лабораторија Лаор-4, Синлаб-2, Ремедика-8, Плодност-0, Генеа-1, Никоб Лаб-14, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-2, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 311.

Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons