Три лица повредени во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип – Радовиш
На 31.08.2022 во 16.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресен пат Штип – Радовиш кон с.Лакавица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ѓ.(40) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(26) од Свети Николе и товарно моторно возило „фиат дукато“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(53), велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото „опел“ Д.Н.(20) од Штип и Д.Ј. констатирани во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.