Трет натпревар, трет трипл-дабл на Јокиќ
Никола Јокиќ го постигна третиот трипл-дабл во третиот натпревар оваа сезона, Денвер со 127-114 победи на гостувањето кај Минесота.
По првото полувреме Денвер имаше негатива од 57-65, но работите се променија во второто полувреме кога Јокиќ и другарите не само што го свртеа резултатот туку победија убедливо со 127-114. Клучна беше третата четвртина во која постигнаа дури 45 поени.
Никола Јокиќ мечот го заврши со 25 поени, 19 скокови и 10 асистенции, убедливо најефикасен беше неговиот соиграч Џемал Мареј кој реализираше 43 поени. Кај Минесота, Медениалс постигна 25 поени, Рендл 24.
Резултати:
Детроит – Кливленд 95-116
Филаделфија – Орландо 136-124
Чикаго – Атланта 128-123
Хјустон – Бруклин 137-109
Њу Орлеанс – Бостон 90-122
Сан Антонио – Торонто 121-103
Далас – Оклахома 94-101
Јута – Феникс 138-134
Минесота – Денвер 114-127
Голден стејт – Мемфис 131-118
ЛА Лејкерс – Портланд 108-122



