Трајковски третопласиран на меѓународниот атлетски митинг во Италија
Трајковски со скок од 7,87 метри го освои третото место на меѓународниот атлетски митинг во Сестриере, Италија, во скок во далечина.
Македонскиот атлетичар до овој скок кој му обезбеди подиум дојде во последната серија, но со недозволен ветар од +3.8 м/с.
Ова се скоковите на Трајковски:
1 обид – 7.64 метри (-1.9)
2 обид – 7.69 метри (+0.4)
3 обид – 7.61 метри (-1.1)
4 обид – 7.57 метри (+0.5)
5 обид – 7.61 метри (+3.7)
Првопласиран на митингот во Сестриере беше Кристијан Пули со скок од 8,06 метри (+0.6), додека на втората позиција се најде Мариус Вадеикис од Литванија со скок од исто така 8,06 (+3.9), но послаба серија на скокови од Финецот.
Трајковски продолжува со успесите оваа година, претходно освои бронза на Балканијадата за сениори во Волос, како и прво место на Европското тимско првенство во Марибор. На Европското првенство во сала во Апелдорн постави нов македонски рекорд во сала од 7,85 метри и се најде меѓу најдобрите осум атлетичари на ЕП во скок во далечина. Трето место во Архус на митинг со етикета од Светската Атлетика, како и трет на Балканското првенство во сала во Белград.