Спорт

Трајковски со најдобар скок сезонава го освои седмото место во Грција 

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски имаше одличен настап на меѓународниот митинг кој денеска се одржа во Калитеа,Грција.

Трајковски го освои седмото место, а до него дојде со скок од 7.70 метри што е негов најдобар резултат оваа сезона.

На митингот во Калитеа победи Чесвил Џонсон од Јужна Африка со скок од 7.99 метри, веднаш зад него беше Французинот Џулс Помери со 7.98 метри, додека третото место му припадна на Иваи Ефреимов од Израел со скок од 7.92 метри.

Овој атлетски митинг е дел од Континенталната серија на Светската Атлетика и носи бронзена етикета, што го прави значајна станица за европските и светските атлетичари во подготвителниот циклус за големите натпреварувања.

Следниот предизвик за Трајковски следува веќе во петок, кога ќе настапи на нов митинг во Грција, овојпат во Каламата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons