Спорт

Трајковски: Притисокот е врз Белгија, ќе биде добар натпревар 

Македонскиот офанзивен фудбалер, Александар Трајковски вели дека Белгијците ќе покажат повеќе почит кон нас сега по серијата добри резултати.

Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 ѝ гостува на Белгија во Гент во многу важен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Натпреварот кој се играше во Скопје заврши 1-1, Македонија тогаш се покажа во одлично светло против фаворизираната Белгија, а очекуваме така да биде и утре.

„Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. Притисокот е врз нив, додека ние секој натпревар го играме исто и се подготвуваме на ист начин. Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и нема да им биде лесно ниту на нив. Како тече циклусот, така се зголемува и притисокот, но мора да одиграме како што знаеме за да стигнеме до добар резултат. Белгија е силна селекција, произведува добри играчи и затоа се наоѓа таму каде што е“, кажа Трајковски.

Македонија е прва во групата со 11 бодови, Белгија има бод помалку, но и натпревар помалку од нас.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons