Свет

Трамп помилува околу 1 500 обвинети за упадот во Капитол во 2021 година 

Веднаш откако официјално стапи на функцијата, новиот американски претседател Доналд Трамп помилува околу 1 500 свои приврзаници, обвинети или осудени за упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Четиринаесет членови на „Прауд бојс“ и „От киперс“, две екстремно десничарски групи, се меѓу оние чии казни беа ублажени од новиот републикански претседател откако вчера ја презема функцијата.

Дополнително, Трамп потпиша наредба со која американското Министерството за правда се упатува да ги повлече сите нерешени случаи против осомничените за немирите од пред четири години.

За време на церемонијата на потпишување во Овалната соба во понеделникот вечерта, Трамп покажа список со имиња на обвинети за немирите во Капитол за кои рече дека добиваат помилување. Нарекувајќи ги заложници, рече дека неправедно биле третирани од правосудниот систем во врска со упадот.

„Ова се заложниците, приближно 1 500 за помилување, целосно помилување“, рече Трамп и додаде:
„Овие луѓе се уништени. Тоа што им го направија на овие луѓе е срамота. Ретко имало нешто слично во историјата на нашата земја. Ќе ги ослободиме нашите заложници, кои, во голема мера, не направиле ништо лошо. Очекуваме да излезат вечерва.“

Помилувањето на овие лица е исполнување на едно од предизборните ветувања на Трамп – да им помогне на своите поддржувачи кои беа обвинети во врска со упадот на Капитол, чија цел беше да се спречи потврдата за победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons