Трамп: Никој не знае што се магнети
Американскиот претседател Доналд Трамп, повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време на настан во Овалната соба, пишува Индипендент.
Сè се случи вчера, за време на положувањето заклетва на новиот американски амбасадор во Индија. Трамп ја искористи можноста за неочекуван монолог за Кина, фокусирајќи се на неодамнешниот договор за извоз на ретки земни метали.
„Кина сака да нè погоди со ретки земни метали. Сега сите велат: „О, што значи тоа?“ Магнети. Ако Кина одбиеше да ни даде магнети, бидејќи има монопол врз магнетите… немаше да се произведе ниту еден автомобил во целиот свет“, рече Трамп.
Потоа тој го изнесе збунувачкото тврдење дека „никој не знае што се магнети“, пред да го пофали она што го нарече „одличен договор“ што Кина и САД го постигнаа претходниот месец.



