Свет

Трамп најавува нови увозни царини: Стапки до 70 проценти од 1 август 

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека неговата администрација ќе почне да испраќа формални известувања до трговските партнери за воведувањето нови царини што ќе стапат на сила на 1 август и ќе се движат од 10 до 70 проценти, во зависност од земјата и категоријата на производи.

Во разговор со новинарите, Трамп рече дека веројатно ќе ги донесе сите одлуки за царините најдоцна до 9 јули, објави Блумберг. Новиот царински режим е дел од претходно објавен план од април, кој беше привремено одложен за 90 дена за да се отвори простор за трговски преговори.

Тој рок истекува на 9 јули, а американскиот претседател посочи дека нема да има понатамошно продолжување. Во меѓувреме, САД постигнаа три трговски договори – со Виетнам (официјално објавени во среда), како и рамковни договори со Кина и Велика Британија.

Белата куќа сè уште преговара за царини со клучни партнери како што се Европската Унија, Јапонија, Индија и Јужна Кореја, пренесува Танјуг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons