Трамп за последниот руски напад врз Киев: Владимир, престани!
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на неговата социјална мрежа Truth Social во врска со рускиот напад на Киев.
„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Тие се непотребни и доаѓаат во многу лош момент. Владимир, престани! Секоја недела умираат 5.000 војници. Да го завршиме мировниот договор!“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.
