Трамп: Го губам трпението со Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото трпение со рускиот претседател Владимир Путин е при крај, но не се закани со нови санкции поврзани со војната во Украина.
Во интервју за Фокс њуз Трамп кажа дека долго време имал добри односи со Путин, но изрази фрустрација од неговиот неуспех да ја заврши војната.
Трамп ги наведе санкциите врз банките и нафтената индустрија како опции за вршење притисок врз Русија, но истакна дека европските земји мора да учествуваат.
Тој додаде дека веќе „направил многу“, истакнувајќи дека Индија – еден од најголемите купувачи на руска нафта – се соочува со 50 отсто царини за извозот во Соединетите Американски Држави.
„Не беше лесно да се направи. Тоа е голема работа и предизвикува раскол со Индија“, изјави тој за Фокс њуз.