Трамп: Газа е „вистински хаос, се надеваме дека ќе постигнеме нешто“
Се надеваме дека ќе постигнеме нешто, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали мисли дека може да има дипломатско решение за конфликтот во Газа.
-Ја проучуваме Газа и многу интензивно се занимаваме со Газа. Таму е вистински хаос – додаде тој.
„Тајмс оф Израел“ потсетува дека САД сметаат дека признавањето на државата Палестина од неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.
-Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедност на Израел и мир и просперитет за целиот регион, кој е можен само без Хамас, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент, кој побара да остане анонимен, пренесува „Тајмс оф Израел“.
МИА